Овој викенд Coffee Fest во Рамстор Мол

Љубителите на доброто кафе благодарение на Рамстор Мол во периодот од 21 до 23 октомври ќе можат да уживаат дегустирајќи ги најдобрите македонски и странски вкусови на кафе на овогодинешниот Coffee Fest во организација на трговскиот центар. Веќе од петок очекувајте на влезот на Рамстор Мол да ве пречека неверојатниот, еден и единствен мирис на свежо кафе кое ќе го подготвуваат најголемите производители и дистрибутери на кафе во земјата.

Според организаторот на фестивалот кафето зазема значајно место во животот на верните посетители на Рамстор Мол и токму затоа целта на овој фестивал е промовирање и доближување до граѓаните различни видови и вкусови на кафиња од целиот свет.
Фестивалот ќе трае три дена во периодот од 12 до 18 часот, а целата програма покрај промовирањето на нови вкусови, дегустација и многу забавни кафе муабети ќе биде збогатена со богата музичка програма и настапи во живо на повеќе бендови.
Организаторот ги кани сите вљубеници на кафето на едно сосема поинакво кафе доживување во Рамстор Мол.

Настан

Запознајте ја Magi Medici на Деновите на убавина

✨ Запознајте ја Magi Medici на „ДЕНОВИ НА УБАВИНА“! На 18 октомври од 12:00 часот, во Ramstore Mall ве очекува…

Дознај повеќе