FIORELLA RUBINO – PLUS SIZE СО УЛТРА МОДЕРНА И ЖЕНСТВЕНА КОЛЕКЦИЈА!

Италијанскиот моден бренд Fiorella Rubino, е редок, исклучителен бренд, кој дизајнира и произведува модерна, трендовска облека за жени со поизразени женски облини. Токму затоа, овој бренд внмателно ги креираа своите колекции поделени во неколку тенденции, според целната група. Моделите се наменети за сите генерации, како и за различни активности во текот на денот. Од деловната колекција, преку спортската па се до софистицираната вечерна облека.

download

Новата есен/зима 2016. колекција, изобилува со трендовски туники, елеци, јакни, крзна, големи шалови, прекрасни фустани, кошули како и пантолони, фармерки и легинс. Во целата колекција преовладуваат модерните бои: бордо, црна, сина и сивата, така да многу лесно можете моделите и боите меѓу себе да ги комбинирате.

download-1

Моделите се исклучителни по материјалот и дизајнот, но најмногу по внимателно вметнатите нежни и женствени детали како мрежата на ракавите и рачно додадените монистри на вистинското место.

Посетете ја продавницата на FIORELLA RUBINO во нашиот трговскиот центар, која работи по систем, познат како брза мода, креирајќи нови модели секои две недели!

download-2