КАПУТОТ КАКО ЗАШТИТЕН ЗНАК НА ГРУПАЦИЈАТА MAX MARA

Есента официјално пристигна во градот. Што значи само едно нешто – време е да го освежите вашиот гардеробер со нов топол капут кој ќе ве стопли во престојните студени денови. Кога зборуваме за категоријата капути, мораме да се задржиме на луксузните капути на групацијата MAX MARA кои како заштитен знак на брендот, од сезона во сезона доминираат со иновациите во матерјали и уникатни кроеви.

Оваа сезона, фокусот е во долгите, волнени капути, со прави и волумениозни кроеви, изработени од материјали како волна, мохер, алпака и рачно обработени рабови кои пленат со својата луксузност и висок квалитетет.

Со задоволство ви ги претставуваме капутите од новите колекции есен/зима 2017 на брендовите на групацијата MAX MARA: WEEKEND MAX MARA, MAX&CO, MARELLA и PENNYBLACK. Предложените модели можете да ги пронајдете во продажните салони во Рамстор Мол.

ВОЛУМЕНОЗЕН “OVERSIZE” КАПУТ

Луксузните модни куќи Weekend Max Mara и Marella повторно ни посакаa топло есенско добредојде, со креирање на over-sized капути кои се изразито волумениозени, меки и топли. Овие тренди капути за брзо време ја доведоа својата популарност до кулминација, особено кај Парискиот уличен стил.

Доколку сакате да го доловите парискиот шик изглед, а истовремено да се чувствувате релаксирано и удобно  – тогаш over-size капутите се идеалниот избор за вас.

kaput2

WEEKEND MAX MARA

download-4

MARELLA

download-5

PENNYBLACK

МАКСИ КАПУТ

Како клучен тренд кај капутите оваа сезона се макси капутите кои имаат изразита должина и ја пратат линијата на вашето тело. Истовремено драматични, отмени и практични, макси капутите се одличен избор за различни комбинации адаптирани на различни стилови и пригоди.

download-6

MARELLA

download-7

MAX&CO

download-8

WEEKEND MAX MARA

КАПУТ СО 3 /4 РАКАВИ

Капутите изработени со 3 / 4 ракави се совршени за доцните есенски и раните зимски денови кога ниските температури сеуште не завладеале. Совршено се комбинираат со кошула или тенка блуза во есенските свежи денови, или со дебел џемпер за пониските температури.

Надворешните волумениозни рабови естетски го карактеризираат ова парче, давајќи му урбан дух за дневните и вечерни часови.

download-9

MAX&CO

СТРУКИРАН КАПУТ

Во Италија се следи правилото дека парчињата скроени по мерка никогаш нема да излезат од мода. Оттаму инспириран, дизајнерскиот тим наMax&Co, како и на Weekend Max Mara, креираа струкирани модели на капути со исклучително строги линии и пропорции, средна должина и едноредно закопчување. Предноста на овoj модел е тоа што е безвременско парче и инвестицијата е секогаш исплатлива.

download-10

PENNYBLACK

download-11

WEEKEND MAX MARA

download-12

MAX&CO