Италијанскиот plus- size бренд Fiorella Rubino дефинитивно оваа сезона изобилува со елегантни парчиња и голем избор на модели и дизајни.
Модели и дизајни кои можете да ги комбинирате во вашето секојдневие, одлични за на работа но и за вечерните излегувања и прослави.
Различни бои и комбинации, но и кроеви кои буквално се идеални за секоја млада дама и жена.
Во нашите парчиња ќе изгледате феноменално, а неодминливо е да истакнеме дека колекцијата совршено ги покрива деловите од телото кои дамите со облини би сакале да не бидат визуелно воочливи.
Ние решивме овој пат да направиме неколку комбинации кои се совршени за вас и можете да ги искористите за различни прилики.
Погледнете дел од нашите комбинации и изберете го вашиот фаворит.
Црн комбинезон
Црна е најелегантната боја и секогаш додава на длабочина и свеченост во секоја комбинација. Совршен комбинезон кој е малку комотен, убаво паѓа по должината на телото со малку отворен грб- елегантно и софистицирано. Одлично ќе изгледа со бели бисери и кратко црно-бело шанел сако.
Фустан со A крој
Фустан кој ги открива рамениците но, во суштина се друго е покриено. Знаеме дека оваа сезона се хит ѕвонастите ракави и силните бои. Па, за оние похрабрите ви предлагаме корално црвена варијанта. Класичните млади дами и жени секогаш можат да ја одберат и црната елегантна боја.
Фармерки со принт и кратко џемперче
Комотни фармерки со цветен принт кои можете да ги носите секогаш. Самиот принт ги прави необично. Секако одлично се комбинираат со маичка и кратко џемперче.
Кошула и фармерки
Кошулата од претходната комбинација секогаш можете да ја искомбинирате со џинс ако ви е потребна кежуал варијанта. Ако не ви се по ваш вкус кошули без ракави тогаш ние ја имаме совршената кошула за вас.