Од оваа среда, 05ти Јули, започнува летната филмска среда во Рамсторе мол.
Во соработка со Францускиот културен центар првиот филм кој што ќе се прикажува е „Семејството Белие“.
Француска комедија со шест номинации за наградите Цезар, со кратка приказна за девојка која што живее со своите глуви родители и открива дека има талент за пеење.
Ве очекуваме оваа среда во одделот за брза храна со почеток од 20.30 часот на одлична комедија и гратис пуканки.