Љубов, музика и вино во Рамстор мол

За вљубените секој ден е денот на љубовта, а пак за љубителите на доброто вино, секоја прилика е повод за наздравје. Но, спојот на овие две убави работи е токму на 14ти Февруари, кога целиот свет слави и изразува љубов.

По тој повод, Рамстор Мол се претвора во Валентино, во центар на љубовта и виното. На своите купувачи им нуди програма за вистинско љубовно доживување. Жива музика на харфа, дегустација на вината на Тиквеш и слатки подароци – се само дел од љубовната атмосфера која ќе се приреди во среда, 14ти Февруари. Убавиот амбиент ќе биде поттикнат и преку љубовен предизвик на официјалниот Инстаграм профил на Рамстор мол кој е веќе започнат и преку кој ќе се доделат бројни подароци.

InstagramStory ljubov1 InstagramStory ljubov22

Не очекува еден од најубавите празници. Да наздравиме за љубовта заедно!

Настан

Запознајте ја Magi Medici на Деновите на убавина

✨ Запознајте ја Magi Medici на „ДЕНОВИ НА УБАВИНА“! На 18 октомври од 12:00 часот, во Ramstore Mall ве очекува…

Дознај повеќе