Рециклираме и се маскираме за денот на шегата и смеата

Трговскиот центар Рамстор во соработка со Пакомак и Шпаркасе банка , по шести пат ќе го организира најголемиот еко маскенбал во земјата. На најзабавниот маскенбал право на учество имаат сите деца од 3 до 14 години кои ќе изработат маска од материјали кои се рециклираат како што се: хартија, пластика и најлон, а истата треба да ги исполнува следните услови: Да биде едукативна, забавна и инвентивна.

За најуспешните маски и оваа година организаторите обезбедија вредни подароци: велосипед, ролерки и тротинет, а подарок ќе добијат и најдобрата групна маска и најмалиот учесник на маскембалот.

Пријавувањето на најинтересниот еко маскенбал ќе се врши до 31.03.2018 на инфо пултот од маректот лоциран во Рамстор мол, а главниот настан со дефилето на маските ќе се одржи на 1 април со почеток во 13 часот на првиот кат во трговскиот центар Рамстор.

Организаторите на настанот очекуваат на денот на шегата и смеата трговскиот центар во целост да биде исполнет со насмеани детски лица кои гордо ќе ги претстават своите креативни маски. Трговскиот центар Рамстор преку оваа активност која преминува во традиција уште еднаш ја покажува својата општествено одговорна страна преку грижата за животната средина и еко концептот за организација на маскембалот.

Дали сте подготвени за најзабавниот маскембал во градот?

Maskembal poster 2

IMG_3984 IMG_9723

IMG_9570