САКАМЕ ШКОЛО. САКАМЕ ПОВЕЌЕ ЛЕКТИРИ. ДАВАЈТЕ ДОМАШНИ – НЕ СЕ ИЗДРЖУВА ВЕЌЕ!!! СЕКОЈ ДЕН МАТЕМАТИКА. СЕКОЈ ДЕН ЗА УЖИНКА – ГРАШОК И БОРАНИЈА беа паролите кои вчера дечињата заедно со Ивце Пивце ги носеа од плоштад Македонија до Рамстор Мол.
Многу првачиња, вторачиња и што уште не вчера уживаа во преубавиот марш кој го означи првиот училишен ден.
Маршот заврши во Рамстор Мол каде беа доделени ваучери за првите 100 дечиња, а во квизот на Ивце Пивце беа наградени многу дечиња со подароци.
Погледнете дел од атмосферата од вчерашниот марш по повод кампањата “Конечно школооооо”