Време е за најслаткиот настан годинава! Овие денови се Денови на медот во Рамстор Мол!

Во периодот од  02.12. па сè до 06.12. производителите на мед ќе ги претстават своите производи во Ramstore Mall, а сите посетители и вљубеници во добар мед, ќе имаат можност да прошетаат низ штандовите и да се информираат за благодетите на овие производи.

Медот е најдобриот природен еликсир, кој изобилува со витамини, минерали, амино киселини и ензими кои се од суштинско значење за одржување на добро здравје. Честата консумација на мед помага при зајакнување на имунолошкиот систем.

Ливадски, шумски, планински- несомнено медот е и храна и лек!

Од Ramstore Mall изјавија дека при организацијата на овој настан се строго запазени сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, а истовремено упатија потсетување и до посетителите да се придржуваат до истите.

web-slider-denovi-na-med