Правила на учество за Онлајн ЕКО Маскенбал  

 

Организираме Онлајн EKO Маскенбал заедно со Пакомак и Шпаркасе Банка.

Се што треба да направите е на 1 април да ни испратите фотографија од вашето дете со направена ЕКО маска во приватна порака преку Инбокс сандачето на нашата фејсбук страна заедно со пополнета и потпишана согласност за учество од родител/ старател (Согласност).

Маската треба да биде направена од материјали што може да се рециклираат: хартија, пластика, најлон и сл, истата треба да биде едукативна, забавна и инвентивна.

Право на учество ќе имаат оние родители (старатели) чии деца се на возраст од 3 до наполнети 14 години, со доставена фотографија од поединечната ЕКО маска.

На 2-ри април ќе објавиме албум од сите испратени фотографии од страна на родителите (старателите) кои соодветствуваат на правилата на учество (фотографиите од маски кои нема да бидат изработени од рециклирачки материјали нема да бидат објавени).

Од 2-ри до 5-ти април албумот ќе и биде достапен на пошироката јавност и фотографиите ќе може да се лајкуваат.

На 6-ти април во 12 часот, ќе ги објавиме трите фотографии со најмногу собрани лајкови кои ќе освојат штеден влог за детско штедење „Медо Штедо“ во Шпаркасе Банка Македонија.

За да ги реализираат наградите, добитниците заедно со своите родители/старатели ќе треба да дојдат во најблиската експозитура на Банката и да отворат Детско штедење „Медо Штедо“.

*При испраќање на фотографијата, родителот/старателот треба да го наведе името на детето и возраста.

**Фотографиите пратени од детски фејсбук профили нема да бидат објавени.

sherry-berry-s