Рамстор Мол ја подготвува најголемата свадба во земјата: Аирлија Свадба

airlija-svadbaОд денес 02.04 започнува најголемата свадбена кампања која досега се организирала во нашата земја по наслов Аирлија Свадба. Претставници од Рамстор Мол за месец април најавуваат голем број на свадбени случувања во рамки на трговскиот центар.

Активностите започнуваат од овој четврток кога идните брачни парови, поточно оние кои имаат закажано свадба во период од мај 2015 до мај 2016 година добиваат можност да се пријават со фотографија на Facebook профилот на Рамстор Мол и да се борат да ја освојат титулата ,,Најкул Пар“. Петте парови кои ќе добијат најмногу лајкови ќе станат финалисти на големиот настан кој ќе се одржи во трговскиот центар Рамстор на 18.04, каде што специјално жири ќе го одберат парот кој ќе добие подароци во вредност од 1200 евра.

Најкул парот добива венчаница од модно студио Билиа, рачно изработено машко одело од Signori, бидермаер од Купи момент, пред свадбена фотосесија и 20% попуст на свадбен албум од Идеа Лаб фотографи. Покрај изборот на најкул пар на големиот завршен настан ќе се одржи и модна ревија на венчаници на дизајнерката Билиа, музичка забава и многу други активности. Во рамки на свадбените активности во Рамстор Мол ќе се одржи и саем на компании кои нудат свадбени услуги, од 17.04 до 19.04. Нека е Аирлија Свадбата!