Од оваа недела Рамстор Мол е првиот бренд во Македонија кој е активно присутен на Снепчет (Snapchat). Оваа апликација за мобилни телефони прерасна во една од најпопуларните во светот посебно кај помладите генерации. За само неколку години постоење успеа да достигне навистина неверојатни бројки. Корисниците испраќаат повеќе од 7 милијарди слики и видеа дневно, а нивните популарни “stories” се гледаат повеќе од 500 милиони пати во текот на само 24 часа. /p>
Со овој чекор отвораме уште еден канал за отворена, двонасочна комуникација со една од клучните групи посетители на трговскиот центар, младата урбана популација- велат од Рамстор.
Филозофијата на Snapchat всушност е многу едноставна - копија на нашето природно однесување во реалниот свет. Кога разговараме, кога се дружиме, кога се забавуваме…сите овие моменти се случуваат спонтано, нема режија и на крајот едноставно исчезнуваат. Вашите слики и видеа траат најмногу 24 часа.
Покрај на официјалните сметки на Фејсбук, Твитер и Инстаграм Рамстор сега ќе може да се комуницира и да се следи и на Снепчет со корисничко име RamstoreMall.
Рамстор со годни е еден од пионерите кои отворено ги прифаќа новите технологии и канали за комуникација. Во минатото трговскиот центар меѓу другото беше и организатор на првиот балкански Foursquare Super Swarm Festival.
За секоја нова генерација, потребна е и нова комуникација. Снепчет е токму таа апликација на новата генерација.