Дечиња дали се подготвивте за најзабавниот еко маскенбал во градот?
На 01 април ве очекуваме сите на најшарениот и најзабавниот маскенбал во Рамстор мол. Место на кое што ќе се покаже цела ваша креативност и способност во создавањето на најеко маска.
На маскенбалот право на учество имаат сите деца од 3 до 14 години кои ќе изработат маска од материјали кои се рециклираат како што се: хартија, пластика и најлон, а истата треба да ги исполнува следните услови: Да биде едукативна, забавна и инвентивна.
За најуспешните маски и оваа година обезбедивме вредни подароци: велосипед, ролерки и Virtual Reality 3D Glasses, а подарок ќе добијат и најдобрата групна маска и најмалиот учесник на маскенбалот.
Во продолжение погледнете ја агендата за време на настанот.
Дечиња Ве очекуваме сите во Рамстор мол на добра забава, шеги и смеа, за сето тоа ќе биде задолжен Ивце Пивце.