Во пресрет на новогодишните празници Рамстор Мол ви подготви уште едно издание на најслаткиот настан во годината.
Периодот од 01.12 до 05.12.2021 е резервиран за традиционалните Денови на мед во Рамстор Мол.
Во текот на овие денови, посетителите ќе имаат можност да се информират повеќе за разновидните производи од мед како што се: полен, матичен млеч, прополис, восок и многу други производи, кои ќе бидат поставени на штандовите на македонските производители во просториите на Рамстор Мол, а воедно ќе можат да си ги набават истите и да го дегустираат највкусниот мед направен од вредните раце на македонските пчелари.
Нашата држава изобилува со пчелари кои низ долгата македонска историја произведуваат мед и производи од мед, па во име на продолжување на оваа прекрасна традиција и во знак на поддршка на македонските пчелари, Рамстор Мол го приредува овој традиционален настан.
Уживајте во безбеден шопинг во Рамстор Мол каде што се почитуваат сите мерки и препораки за заштита од корона вирусот.