Во пресрет на големиот верски празник Велигден, на ден 28 април, четврток ги покануваме сите дечиња на театрската претстава „Распеана турли тава“ со почеток од 11 часот на првиот кат во Рамстор мол.
Детската театарска претстава „ Распеана турли тава“ е од едукативен карактер, преку мизички точки се пренесува порака до сите дечиња колку е здрав и потребен зеленчукот. Текст и режија на Снежана Коневски – Руси, додека улогите ги толкуваат Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, Зорица Панчиќ, Снежана Коневски – Руси, Христина Ѓорѓевска и Ѓорѓи Нешковски, актери при детскиот народен театар.
Дециња, ве очекуваме во четврток во 11 часот на претстава и многу забава во Рамстор мол.