Без разлика дали сте во потрага по совршениот изглед за вашата посебна прилика или сакате да ги изненадите вашите најблиски со уникатен подарок, нашите продавници нудат врвна селекција на светски брендови.
Италијански шик и ново освежување на модната сцена
За прв пат во Македонија, ексклузивно токму во Рамстор Мол, вратите ги отвори и првата продавница на Primadonna. Овој италијански бренд е вистинско откритие за модерните и урбани жени кои бараат спој на квалитет, прецизна изработка и пристапни цени. Лоцирана на приземјето, Primadonna нуди голем избор на чевли, чизми, чанти и аксесоари со безвременски стил и италијанско наследство, каде удобноста и елеганцијата се сплотени во едно.
Врвна италијанска елеганција
За љубителите на класичната женственост и врвниот квалитет, тука е легендарниот бренд Luisa Spagnoli. Основан во 1928 година, овој бренд е симбол за софистицираност.
Ако пак вашиот стил е енергичен и колоритен, Max&Co. е вистинскиот избор. Познат по својот урбан шик и функционалност, овој бренд нуди смели парчиња кои зрачат со удобност.
Премиум избор за современиот маж
Празничниот шопинг во Рамстор Мол нуди посебно искуство и за мажите. Мултибренд продавницата 52 Concept Store, е позната по бескомпромисниот квалитет со внимателно курирана селекција на светски брендови.
Повторно дел од богатата понуда на Рамстор Мол е и современиот машки бренд Campione, лоциран на приземјето. Нивните безвременски колекции се идеални за самоуверени мажи кои бараат автентичност и опуштено-елегантен стил.
Ве очекуваме во Рамстор Мол!










0800 800 70
