Garage Sale 2022

 

Дали сте подготвени за најголемата распродажба во градот, со попусти до  дури  -70%?

Од 11ти до 17ти Август во Рамстор Мол започнува веќе добро познатата шопинг манија Garage Sale под мотото Правиме чистка, вадиме се надвор!

Рамстор Мол и оваа година по 17ти пат, широко ги отвора вратите за сите посетители и подготвува неверојатна понуда на облека,накит,обувки, спортска опрема, аксесоари, книги, играчки, предмети за домаќиство и други проиводи намалени дури до 70%.

INSTA POST

Kaко и секогаш, на Garage Sale  се придружуваат сите Рамстор маркети  , кои исто така за своите потрошувачи подготвија  бројни промоции и намалувања.

Покрај големите попусти, посетителите на Рамсторе Мол ќе може да уживаат во богатата програма  специјално организирана за овој настан која содржи многу музика со познати изведувачи, освежителни пијалоци  и коктели, бројни акции и изненадувања од продажните објекти во Рамстор Мол,  а на 11ти Август  првиот ден од Garage Sale во 12:00 часот  започнува свеченото отворање  со ударите на Конга, Сакс и DJ  Чедомирски, додека  во 20:00 часот бидете дел од уникатното добредојде со огнени ефекти,  многу музика и забава!

Затоа подгответе се за добар шопинг и многу забава во Рамстор Мол од 11ти до 17ти Август.

Уживајте во Garage Sale , искористете го овој поволен период да си купите се што ќе посакате по неверојатни  цени.