GARAGE SALE 2026

Во Рамстор Мол, традиционално, се случува настанот кој љубителите на шопингот со нетрпение го очекуваат – GARAGE SALE.

Овој препознатлив шопинг концепт се организира во две изданија – зимски и летен GARAGE SALE, носејќи вистинска шопинг еуфорија и атмосфера исполнета со динамика, стил и неверојатни попусти. Тоа е период кога излозите стануваат уште поатрактивни, а цените – пониски од кога било.

GARAGE SALE во Рамстор Мол значи:

  • најголеми сезонски намалувања,
  • специјални понуди од омилените брендови,
  • ексклузивни акции достапни за ограничен период,
  • можност за „лов“ на најдобрите парчиња по фантастични цени.

Но, GARAGE SALE не е само шопинг – тој е вистинско доживување за целото семејство. Во деновите додека трае настанот, посетителите можат да уживаат и во дополнителна програма со забавни активности за деца и возрасни, интерактивни содржини, анимации и изненадувања кои создаваат уште поубава атмосфера и го претвораат шопингот во целодневно искуство.

Овој настан претставува совршена можност за сите потрошувачи да го направат најголемиот шопинг во годината – без разлика дали станува збор за освежување на гардероберот, избор на подароци или паметно искористување на сезонските попусти.

Со години, GARAGE SALE прерасна во вистинска традиција која ги обединува брендовите и посетителите, создавајќи препознатлива шопинг приказна што се повторува секоја зима и лето – со уште поголеми попусти, уште подобра понуда и уште побогата програма.

Подгответе ја вашата шопинг листа – GARAGE SALE во Рамстор Мол е период кога желбите стануваат достапни, а забавата е загарантирана.