Летен саем на книга

Летото и годишните одмори се идеално време за опуштање, релаксирање и поминување на квалитетно време со добра книга. Добро познавајќи ги потребите и желбите на своите посетители Рамстор Мол во соработка со Македонската асоцијација на издавачи го најавуваат по трет пат летниот саем на книгата кој ќе се одржи во трговскиот центар.

Летниот саем на книга започнува од 06 и ќе трае се до 10 Јуни. Годинава понудата на издавачки куќи е навистина голема и со сигурност секој посетител на Рамстор Мол ќе може да си најде книга по свој вкус. Организаторите најавуваат намалување и до 70% на определени дела.

Во Рамстор Мол ве очекуваат голем број на нови наслови, промоции, подароци и секако попусти. Сега е одлично време да си ги набавите омилените дела и на вистински начин да уживате во летото и летните одмори.

RAMSTORE-MALL_SAEM-NA-KNIGATA_WEB-SLIDER