Да наздравиме заедно за љубовта и виното овој викенд 12-14 февруари.
Го прославуваме заедно денот на виното Св. Трифун и денот на љубовта Св. Валентин во Рамстор мол. За посетителите подготвивме изненадувања и споделување на многу љубов.
На 12,13 и 14 февруари секој посетител на Рамстор мол ќе може јавно да ја сподели љубовта на интересен начин, со тоа што ќе го напише името на личноста до која што се обраќа на дизјанирана табла каде што пишува : „ Моето срце припаѓа на ____________ “.
На 14ти февруари во периодот од 12 до 16 часот за секоја сметка направена во било која продавница во Рамстор мол, вклучувајќи го и маркетот кој што се наоѓа во трговскиот, може да се подигне од инфо пултот романтичен подарок. За доживувањето да биде комплетно, подготвивме за вас и акустичен романтичен концерт.
Дојдете заедно да ја прославиме љубовта и да наздавиме со чаша добро вино.