Подароци, попусти и базар на рачни ракотворби ја сочинуваат богатата понуда на новата кампања на Рамстор Мол која започнува од понедленик (05.03) и ќе трае се до Меѓународниот ден на жената 8-ми март. Во рамки на кампањата “Најубав 08ми Март” трговскиот центар ќе се потруди да им го честита на најубав начин празникот и да ги разнежи припадничките на понежниот пол.
Четири дена посетителите на трговскиот центар ќе имаат можност да купуваат од своите омилени брендови по намалени цени од 20% до 50% на женските колекции низ продавниците во Рамстор Мол. Во рамки на кампањата ќе се одржи и базар на рачни ракотворби во соработка со Занаетчиска комора.
Додека во периодот од 06ти до 08ми Март со приложување на фискална сметкa над 1,000 денари направена во било која продавница на Рамстор мол, вклучуваќи го и маркетот, посетителите ќе можат да добијат една грепка и да изгребат еден од 300 подароци : слатки М пакети, книги или цвеќе. Фискланите ќе можат да ги приложат во периодот од 12 до 18 часот.
Бидете и вие дел од најубавиот 08ми Март во Рамстор мол.