Летен саем на книга

Летото и годишните одмори се идеално време за опуштање, релаксирање и поминување на квалитетно време со добра, интересна книга. Добро познавајќи ги потребите и желбите на своите посетители Рамстор Мол во соработка со Македонската асоцијација на издавачи го најавуваат овогодинешниот саем на книга кој ќе се одржи во трговскиот центар.

Летниот саем на книга започнува од 23ти и ќе трае се до 28 мај. Годинава понудата на издавачки куќи е навистина голема и со сигурност секој посетител на Рамстор Мол ќе може да си најде книга по свој вкус. Организаторите најавуваат намалување и до 70% на определени дела.

Во Рамстор Мол ве очекуваат голем број на нови наслови, промоции, подароци и секако попусти. Сега е одлично време да си ги набавите омилените дела и на вистински начин да уживате во летото и летните одмори.

Настан

Halloween дружба во Ramstore Mall

Оваа сабота, 31 октомври, ги очекуваме сите мали љубители на Halloween дружба исполнета со насмевки, игри и креативна забава! 🎃…

Дознај повеќе