Од 24 до 26 јануари Coffee and Tea Fest во Рамстор Мол

Љубителите на доброто кафе и вкусен чај овој викенд во Рамстор Мол ќе имаат можност да уживаат на Coffee and Tea Fest. Во периодот од 24 до 26 јануари посетителите ќе можат да уживаат дегустирајќи ги најдобрите македонски и странски вкусови на кафе и чај на единствениот Coffee and Tea Fest во организација на Рамстор Мол.

Сите посетители ќе имаат можност да уживаат во промоцијата на нови вкусови, дегустација, а сето тоа ќе биде пропратено со кафе муабет или топол чај со вашите пријатели и богата музичка програма.

Токму затоа овој викенд кој ни следи, дојдете во Рамстор Мол каде ќе ве пречека неверојатниот мирис на кафе и чај и уживајте во добар муабет со вашите пријатели.

Настан

Запознајте ја Magi Medici на Деновите на убавина

✨ Запознајте ја Magi Medici на „ДЕНОВИ НА УБАВИНА“! На 18 октомври од 12:00 часот, во Ramstore Mall ве очекува…

Дознај повеќе