Учениците од „Др Златан Сремец“ организираат Новогодишен базар

Во пресрет на новогодишните празници и оваа, како и изминатите години, вредните рачиња на дечињата од Посебното основно училиште „Др Златан Сремец“- Скопје, нивните родители и наставниците изработија новогодишни украси, честитки, колачиња и многу други нешта.

Традиционално училиштето организира Новогодишен базар кој ќе се одржи на 23 декември (петок) од 11 до 14 часот во Рамстор мол и на кој ќе бидат изложени овие изработки.

Средствата што ќе бидат собрани во оваа пригода ќе бидат наменети за потребите на учениците од оваа училиште.

Настан

Halloween дружба во Ramstore Mall

Оваа сабота, 31 октомври, ги очекуваме сите мали љубители на Halloween дружба исполнета со насмевки, игри и креативна забава! 🎃…

Дознај повеќе