Волшебно велигденско дрво

Volshebno-veligdensko-drvo-slider

Во пресрет на верскиот празник Велигден, Рамстор мол во соработка со Црвениот крст на град Скопје и ЈУ Центар за социјална работа организираат хуманитарна акција наречена како „ Волшебно велигденско дрво “.

Над 50 деца и младинци кои што го посетуваат дневниот центар за церебрална парализа Капиштец ќе ги запишат своите велигденски желби и истите ќе бидат прикачени на волшебното велигденско дрво на желби. Сите хумани граѓани и општестевно одговорни компании ќе можат да ги исполнуваат напишаните желби, а со тоа да подарат среќа на едно дете.

Сите хумани граѓани и општестевно одговорни компании ќе можат да ги исполнуваат напишаните желби, а со тоа да подарат среќа Активностите се со цел олеснување на животот и потребите на овие лица, а со тоа би се придонело за нивна полесна интеграција во општеството. Со самата активност покрај доприносот овие лица да се чувствуваат убаво и радосно, целтта е и подигнување на јавната свет за надминување на прерасудите и стереотипите на лицата со пречки во развојот. Акцијата трае од 04ти до 27ми април.

Нека биде овој Велигден среќен за сите.

Настан

Halloween дружба во Ramstore Mall

Оваа сабота, 31 октомври, ги очекуваме сите мали љубители на Halloween дружба исполнета со насмевки, игри и креативна забава! 🎃…

Дознај повеќе