Не прави утка, купи си на Гараж Сејл

Главната вест е дека по девети пат правиме чистка и вадиме се надвор! Дефинитивно секој потрошувач води грижа за својот буџет, а во оваа категорија најчесто спаѓаат жените, кои буквално се радуваат на летниот Garage Sale. Овие искусни купувачи со нетрпение ги очекуваат престојните намалувања, затоа што знаат дека на тој начин ќе ги најдат сите посакувани производи од различен вид, по екстремно ниски цени. Доколку и вие се вбројувате во категоријата шопинголичари, тогаш продажната акција на трговскиот центар Рамстор, задолжително треба да биде во центарот на вашите случувања, од 14 до 20 август.

Што ако ви кажеме дека чевлите за кои што мечтаевте, обетките што совршено одат во комбинација со трендовскиот фустан, кошулата што идеално стои на новите панталони, подарокот со којшто ќе ја направите пресреќна вашата драга личност, телевизорот на којшто ќе ги гледате најновите епизоди од омилената серија, а и книгата што долго време посакувате да ја имате во личната библиотека, сега можете да ги купите, без чувство на грижа на совест? Токму така, шопинг лудилото Garage Sale е вашиот сојузник кон исполнување на желбите, без разлика дали посакувате да го обновите гардеберот, полицата со козметика, библиотеката, или пак домот.

flaer_1_4 flaer_2_3

Вртоглавите намалувања на производи од реномирани брендови, застапени во трговскиот, традиционално, девети пат по ред ќе го преполнат Рамстор со еуфорични потрошувачи, кои што по ваквото неверојатно шопинг искуство од трговскиот центар ќе заминат со раце преполни со кеси.

GARAGE GARAGE2 GARAGE3 GARAGE4

Пронајдете го среќниот момент, од вкупно седум денови од траењето на главниот шопинг настан Garage Sale, за да ја почувствувате позитивната енергија на квалитетното купување и за да си ги дозволите сите неопходности, сега намалени до дури 70 отсто.

Креирајте си долг список, имајте трпение, но и освежувње со себе, како и неизбежната поддршка од најдобрата пријател/ка, затоа што сега сите патишта водат до локацијата каде што големата шопинг манија, Garage Sale, ќе загосподарува со главниот град.

Среќно, шопингхоличари!