Новата колекција на зимски јакни носи различни модели и материјали, кои одлично ќе го дополнат вашиот изглед и истовремено ќе ви обезбедат удобност и топлина. За тие што сте повеќе по класиката, ви советуваме да изберете јакни во сина, црна и во сива боја, со кои сигурно нема да згрешите. За малку подрските советуваме да посегнете по моментално најпопуларната маслинесто-зелена или дури црвена и розова.