Хуманитарна кампања на Рамстор Мол и Црвен Крст
Скопје, 06.12.2021 – Традиционално, како и секоја година, 13-ти пат Рамстор Мол во соработка со Црвен Крст на Република Северна Македонија по повод новогодишните празници организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства.
“Новогодишната елка на желби” е настан кој има за цел да донесе насмевки на лицата кај дечињата и да им ги направи новогодишните празници уште поубави и посреќни.
Дечињата ги напишаа своите новогодишни желби на листови кои се во форма на лампиони, со што елката во Рамстор Мол ќе ја направат навистина посебна и магична.
Сите посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на детските желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица, а верувајте ни, нема поубав подарок за секој од нас од искрена насмевка кај децата.
Акцијата ќе трае од 06.12.2021 до 27.12.2021 година, додека пак на 28 и 29.12.2021 на дечињата ќе им бидат доставени посакуваните подароци.