ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА “21 ГОДИНА РАМСТОР – РАСТЕМЕ СО ВАС!

Го славиме 21-иот роденден со вас! Од 26 октомври до 20 декември 2026 учествувајте во големата наградна игра на Рамстор и освојте една од 54 вредни награди, со главна награда автомобил Jeep Avenger 1.2 100 CV MT Longitude.

Како да учествувате?

  1. Купете производи во вредност од најмалку 1.000 денари на една фискална сметка во некој од продажните објекти на Рамстор маркети, на онлајн продавницата Рамстор до дома или во продавниците во Рамстор Мол.
  2. Покажете ја сметката на каса или на означениот пулт и подигнете купон. За секои 1.000 денари добивате по еден купон.
  3. Пополнете го купонот со име и презиме, адреса, телефон и број на фискалната сметка, и ставете го во кутијата за наградната игра.
  4. Зачувајте ја оригиналната фискална сметка. Таа ви е потребна за да ја подигнете наградата.

Вкупната вредност на наградниот фонд е 1.397.393 денари.

Јавното извлекување ќе се одржи на 24.12.2026 во 12:00 часот во Рамсторе Мол, пред маркетот Рамстор. Добитниците ќе бидат објавени најдоцна до 27.12.2026 на www.ramstore.com.mk.

Право на учество имаат полнолетни државјани со живеалиште во Република Северна Македонија.

Целосните правила се достапни во прилог.

Правила на наградна игра 2026

Настан

Запознајте ја Magi Medici на Деновите на убавина

✨ Запознајте ја Magi Medici на „ДЕНОВИ НА УБАВИНА“! На 18 октомври од 12:00 часот, во Ramstore Mall ве очекува…

Дознај повеќе