Политика на колачиња
Политика за колачиња при посета на веб страната на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје
Вашата приватност е важна за нас, па затоа сакаме да бидеме транспарентни во однос на тоа кои информации се собираат кога ја посетувате нашата веб страница.
Кога ќе дојдете на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје, но и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за Вас. Овие информации може да се однесуваат на Вас, Вашиот избор или уред и најчесто се користат за да Ви понудат поперсонализирано искуство. Ваш е изборот кои податоци ќе ги собереме. Различните категории подолу го објаснуваат видот на колачиња што ги користиме и како да ги вклучите. Запомнете, недозволувањето на некои колачиња може негативно да влијае на Вашите искуства, бидејќи можеби нема да можеме да Ви понудиме некои од нашите услуги и/или карактеристики. За да дознаете повеќе за тоа како ние ги користиме Вашите лични податоци, прочитајте ја нашата Политика за приватност. Ние ги користиме колачињата за да ја администрираме нашата интернет страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами.
Колачињата може да се користат и во рамки на функционирањето на корисничките профили на веб-страницата, како и за поддршка на CRM платформи со цел подобро разбирање на интересите на корисниците и прикажување на релевантни понуди, исклучиво во согласност со дадените согласности од страна на корисниците.
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на Вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Следен пат кога ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да читаат Ваши податоци или информации од Вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.
Дополнително, Ве информираме дека нашата интернет страна преку “Колачиња” врши собирање на податоци како што се:
- Името на пребарувачот на интернет,
- Типот на уредот (компјутерот, лап топ, таблет и слично)
- Технички информации за конекцијата што ја користите при посета на интернет страната како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата,
- IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисни
Зошто се користат колачињата?
Колачињата се користат затоа што:
- И дозволуваат на нашата веб-страна да го препознае Вашиот уред и да ја насочи прикажаната содржина соодветно на Вашиот интерес односно преференци;
- Помагаат да ја подобриме нашата веб-страница, да ви понудиме подобра услуга, која е прилагодена на Вашите барања.
- Ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот уред кога ќе се вратите на нашата веб-страна.
- Чуваат податоци за вашите омилиени активности на веб-страницата, со што ни овозможуваат да ја прилагодиме нашата веб-страница на вашите индивидуални интереси. Онаму каде што ни е дозволено, ова може, на пример, да вклучува рекламирање според вашите лични интереси и да ја забрза стапката според која може да се справуваме со Вашите прашања.
Со користење на нашата веб-страница Вие се согласувате дека, ние можеме да ги поставиме видовите колачиња на Вашиот уред и да ги употребуваме тие податоци во согласност со оваа политика, се разбира, освен ако не сте го поставиле прелистувачот на Вашиот уред да ги отфрли.
Типови колачиња
Постојат два типа на колачиња – “директни колачиња” и “индиректни колачиња”.
Директните колачиња (first party cookies) се колачиња кои директно ги користи администраторот на веб-страницата на Вашиот уред и често се користат за препознавање на Вашиот уред кога повторно ја посетувате веб-страницата и ги помни Вашите подесувања додека сте пребарувале на страницата. Во принцип, колачињата кои ние ги користиме се од овој тип.
Индиректните колачиња (third-party cookies) се колачиња кои ги користи некој давател на услуги во име на операторот на веб-страницата и може да се користат од страна на давателот на услуги за препознавање на вашиот уред кога посетувате и други веб-страници. Индиректните колачиња најчесто се користат за аналитика на веб-страници или рекламни цели.
Ние не можеме да го регулираме собирањето на индиректните колачиња. Посетете ја веб-страницата на релевантните даватели на услуги ако сакате да дознаете повеќе за овие колачиња и за што се користат истите.
Ако сакате да ги прифатите само нашите колачиња, но не и колачињата на нашите даватели на услуги и партнери, изберете “блокирај индиректни колачиња” (do not allow third-party cookies) или слични поставувања во вашиот прелистувач.
Колачиња што ние ги користиме:
Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб- страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.
Функционални колачиња (functional cookies): Овозможуваат подобрена функционалност и персонализација, како што се зачувување на кориснички преференци, информации поврзани со кориснички профил и прилагодување на содржината.
Аналитички / статистички колачиња (analytics cookies): Се користат за анализа на посетеноста и однесувањето на корисниците на веб-страницата со цел подобрување на нејзината функционалност. Овие колачиња се активираат само по претходна согласност на корисникот.
Маркетинг колачиња (marketing cookies): Се користат за прикажување релевантни и персонализирани понуди и реклами, вклучително и преку CRM платформи, и овозможуваат следење на активностите на корисниците на веб-страницата. Овие колачиња се активираат исклучиво врз основа на претходно дадена согласност (opt-in).
Како да ги контролирам колачињата?
Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната ramstoremall.com.mk може да добиете порака која што Ве известува дека користиме “колачиња”. Вие имате опција да одберете „се согласувам“. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот Вие изјавувате дека сте разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.
Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време.
Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата.
Повеќето веб прелистувачи овозможуваат некаква контрола над колачињата преку поставките на прелистувачот (на пример, известувања за нови колачиња, оневозможување на колачиња и бришење на колачиња). За тоа можете да дознаете повеќе на: www.allaboutcookies.org
Корисникот во секое време може да ја измени или повлече својата согласност за употреба на колачиња преку алатката за управување со колачиња достапна на веб-страницата, без тоа да влијае на законитоста на обработката пред повлекувањето на согласноста.
Доколку корисникот има креирано кориснички профил на веб-страницата, неговите избори во однос на колачињата и маркетинг преференците може да се поврзат со корисничкиот профил со цел доследна примена на дадените согласности.
Колачињата од трети страни може да вклучуваат и алатки за аналитика, CRM и маркетинг автоматизација, кои се користат исклучиво врз основа на договорни обврски и во согласност со оваа Политика за колачиња и Политиката за приватност.
Рок на чување на колачињата
Рокот на чување на колачињата зависи од типот на колачиња и дали истите се поставени од страна на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје или пак од трети страни. Функционалните и статистичките колачиња се чуваат во рок од 30 минути до 2 години, а колачињата кои се користат за маркетинг цели се чуваат во рок од 15 минути до 1 година.
Сите колачиња кои што се чуваат од страна на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје не го идентификуваат крајниот корисник и / или се користат исклучиво за овозможување на услуга која што самиот корисник ја побарал од РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје и за која што корисникот ја посетил страната на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје.
Генерални информации
Политиката за колачиња е дел од системот за заштита на лични податоци.
Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.
РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје го задржува правото да ја променува Политиката за колачиња. Промените во Политиката за колачиња ќе бидат јавно објавени на интернет странатa ramstoremall.com.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.
Оваа Политика за колачиња е во целосна усогласеност со Политиката за приватност, Условите за користење и Водичот за заштита на личните податоци на ramstoremall.com.mk.
Јули 2026