ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ ВО MAX&CO

Омиленото годишно време пролет конечно пристигна. Оваа зима беше премногу долга и студена па, затоа ние како повод за собирање и дружење го одбравме доаѓањето на најубавото годишно време- ПРОЛЕТ.

Ве покануваме овој четврток од 13 до 15 часот во Max&Co на овошни коктели, овошни тартови, прекрасни цветни декорации и секако убаво друштво и шопинг.

Освен сончеви денови и убаво расположение во Max&Co ни пристигна и прекрасна пролетна колекција. Колекција која изобилува со шарени бои- портокалова, сина, розева, жолта буквално сите бои кои асоцираат на убаво време и среќни денови.

Прекрасни дизајни- цветни, риги и геометриски принтови.

download

Тука се и чантите од Juno линијата се навистина впечатливи и уникатни сигурно ќе се вљубите во нивните форми и бои. Сигурно веќе знаете дека Max&Co има најубави и единствени парчиња накит кои и оваа сезона се навистина прекрасни.

download (1)

Мантилите се задолжителни парчиња секоја пролет, а во Max&Co имаме голем избор од различни парчиња за секаква прилика.

download (2)

Лелеави фустани, шарени сандали, и металик балетанки стојат совршено на секоја жена, а нашите парчиња и материјали се лесни за комбинирање и удобни за носење.

download (3)

Преку неколку фотографии ќе се обидеме да ви ја доловиме пролетта во Max&Co, но на вас останува да дојдете во четврток и да се уверите.

download (4)