Колку навистина ја познавате Македонија? Даки сте јавале коњ преку зелените ридови на Галичник или сте летале со параглајдер над синото Охридско Езеро? Дали сте пробале зелено вино од Кавадарци или овошен локум од Крушево? Викендот на 24-25 февруари, Ис(в)куси ја Македонија во Рамстор Мол на саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам!
Преку 30 вкусни, традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје ќе бидат на продажба – вина од малите тиквешки винарии, крушевски домашни џемови, велешки органски мед и многу други. Истовремено, на саемот ќе можете да се запознаете со богатата туристичка понуда на Македонија и да резервирате една од многуте понудени авантури по намалени цени – планински велосипедизам во Мариово, тандем параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник и многу повеќе!
Саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ е организиран од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.