Волшебна новогодишна елка

Секое дете има право на радост! Секое дете има право на подaрок! Секое дете има право на прекрасна Нова Година! Секое дете има право на исполнување на желба!

Рамстор мол во соработка со Црвен Крст на град Скопје традиционално ја организира хуманитарната акција за децата сместени во згрижувачки семејства наречена како „Волшебна новогодишна елка“.

Денеска (01.12.2017) дечињата ги искажаа своите скромни желби на ливчиња во форма на лампиони кои ќе бидат прикачени на волшебната елка поставена во Рамстор мол. Посетителите на трговскиот центар ќе можат да ја покажат својата хумана страна и да исполнат барем една детска желба преку нејзина реализација. Акцијата трае до 26.12.2017 година кога и подароците ќе бидат доделени на среќните дечиња.

Volshebna novogodishna elka