Политика на приватност

Оваа политика за приватност има за цел на јасен и транспарентен начин да Ве информира за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци на посетителите на нашата веб страница, корисниците на услуги и вработените на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје.

Оваа Политика за приватност се применува и на корисниците кои креираат кориснички профил на веб-страницата на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје, преку кој можат да добиваат персонализирани информации за понуди, кампањи, настани и други активности, како и да управуваат со своите преференци за комуникација.

Со самиот пристап на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека сте согласни со условите на Политиката за приватност и колачиња.

ШТО СЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи или услуги, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Друштвото за трговија и ислуги РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје, со седиште на ул.Св.Кирил и Методиј бр.13 Скопје-Центар, Република Северна Македонија, е контролор за обработка на личните податоци, до кои може да бидат доставени Вашите лични податоци, а со цел да се реализира односот со Вас и да одговориме на Вашите барања.

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Вас како субјект на личните податоци (во понатамошниот текст Корисник) е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст “Политика”).

Со Политиката се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.

Доколку имате прашања во врска со точките што се опфатени со оваа Политика, слободно можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Антонета Илиевска на следниот email: antonetai@ramstore.com.mk   

Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ?

1.Лични податоци на вработените и ангажираните лица (на основа на законите од областа на работното законодавство).

2.Лични податоци обработени преку системот за видео надзор (на основа на легитимен интерес на Контролорот).

3.Лични податоци за цели на исполнување на договорни услуги со деловни партнери, на пример: адвокати, авторски агенции, надворешна IT подршка, соработници, инфлуенсери и слично (на основа на легитимен интерес на Контролорот.)

4.Лични податоци обработени преку Апликацијата (на основа на согласност од субјектите).

5.Лични податоци обработени преку користење на социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм и Линкдин (на основа на согласност од субјектите).

6.При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги давате при пишување на Ваш коментар или поставување на прашање. Доколку преземете било кое од погоре наведените дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци само за целите за кои истите ги доставувате.(на основа на легитимен интерес на Контролорот).

7.Лични податоци обработени преку Вашето учествување во наградни  и други игри и настани организирани кај Контролорот (на основа на согласност на субјектите).

8.Дополнително, Ве информираме дека нашата интернет страна користи алатка “Колачиња” со која се врши собирање на податоци, а подетални информации можете да прочитате на нашата Политика за колачиња.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ПРИБИРАМЕ?

Податоци за идентификација: име, презиме, телефонски број, е-пошта, адреса.

Податоци за корисничкиот профил: корисничко име и лозинка, поставени прашања, барања, преференци.

Податоци поврзани со кориснички профил и CRM платформа: статус на маркетинг согласности, историја на интеракции со кампањи (отворање на е-пошта, кликови), преференци за комуникација (email, push нотификации), како и податоци за активноста на корисникот на веб-страницата. Податоци од посета на веб страницата: информации за веб-страници на веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-страници кои го пренасочиле Корисникот на Ramstore веб-страницата, веб-страници кои Корисникот ги посетил преку линкови кои се презентирани на Ramstore веб-страницата, датум и време на тие посети, IP адреса на корисникот/ IP адреса од уредот-компјутерот/таблет/телефон од каде се пристапува, се поставува прашање, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на Ramstore директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на Ramstore веб-страницата, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на Ramstore веб-страницата.

Податоци од финансиска природа: Ние може да имаме пристап до информациите за наплата при користењето на нашата апликација за Програмата за лојалност: како на пример датум и време на трансакцијата, износ на трансакцијата, назив на трговецот каде што е направена трансакцијата.

Овие податоци исто така ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни, во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.

Вашите лични податоци ние ги обработуваме во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

Податоци кои доброволно се доставуваат независно од деловниот однос: Личните податоци кои ги прибираме со Вашата посета на нашата веб-страница, или кога ќе ни испратите електронска пошта (e-mail), или телефонски ќе не контактирате, се оние кои доброволно ќе одлучите да ни ги доставите, а за цели утврдени со закон, како би ни овозможиле да ја реализираме и исполниме услугата која Ви ја нудиме (на пример: име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон, електронска пошта (e-mail), податоци за вашите социјални мрежи, доколку сте пристапиле до информациите на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје преку социјална мрежа (Facebook, LinkedIn, Instagram, Youtube), податоци за потенцијалните кандидати за вработување.

Податоци во врска со прашања, барања, пофалби, поплаки, неетичко или друго недозволиво постапување: Личните податоци кои што ќе ги споделите со нас тогаш кога се обраќате кон нас со цел да не пофалите, да поставите прашање, да се поднесете барање, поплака или да пријавите дејствие кое според Вас е неетичко или недозволиво, а во врска со Вашиот и/или идентитетот на тој на кого се однесува обраќањето (на пример: име и презиме, контакт податоци, содржина на барањето/дописот/пријавата која може да содржи и лични податоци за лицето за кое се однесува обраќањето, со докази и прилози и слично).

Видео податоци од системот за видео надзор.

ОД КАДЕ СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Личните податоци се собираат директно од Вас, кога се регистрирате како Корисник, кога поставувате прашања, барања, доставувате поплака или пофалба, кога се согласувате за добивање на маркетинг понуди (newsletter), преку Вашето користење на нашата веб страна, преку нашиот email: complaints@seg.mk или кога на друг начин комуницирате со нас. 

Личните податоци може да се собираат и преку формата за креирање кориснички профил на веб-страницата, како и преку користење на функционалностите на CRM платформата интегрирана на веб-страницата.

ЗА КОЈА ЦЕЛ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Да одговориме на прашања во врска со нашите активности, услуги, барања, предлози, поплаки.

Доставување на директни маркетинг понуди, информации за попусти, преку email и текст пораки, телефон или преку пошта.

Пополнување или користење на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје апликации (на пример за цели на вработување, или за услугите кои ги нудиме согласно делокругот на нашето работење).

За оптимизирање на онлајн корисничкото искуство, персонализирани маркетинг пораки и промоции кои се резултат на алгоритамска анализа и предвидување на преференци, интереси и однесувања.

За истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените услуги. За оваа цел може да користиме Google Analytics. РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје може да ги обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата.

За да добивате попусти и поволности преку Вашето учество во нашата Програмата за лојалност, наградни игри, промоции, анкети или истражувања, едукации.

Креирање, администрирање и одржување на кориснички профили на веб-страницата.

Управување со CRM платформа со цел испраќање релевантни и персонализирани информации за понуди, кампањи, настани и активности на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје

Испраќање маркетинг комуникации исклучиво врз основа на претходно дадена изречна согласност (opt-in) од страна на Корисникот.

За заштита на нашиот бизнис од измама, перење пари, прекршување на довербата, сајбер-напад, кражба на патентирани материјали и други финансиски или деловни криминали.

Исполнување на законските обврски кои се однесуваат на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје како Контролор или кога тоа е побарано од страна на јавен/државен орган.

ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:

Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга, на пример:

Вие може да добиете маркетинг комуникација од наша страна. Ние може да ги користиме Вашите податоци за идентификација, контакт, преференци и кориснички профил за да дознаеме кои продукти, услуги и маркетинг промоции би биле од Ваш интерес, единствено по дадена согласност од Ваша страна. Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста преку понудена опција секогаш кога добивате маркетинг понуди преку email. Дополнително, за повлекување на согласноста за маркетинг понуди, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Антонета Илиевска на следниот email antonetai@ramstore.com.mk .

Согласноста за добивање на маркетинг комуникации не е услов за креирање кориснички профил и користење на основните функционалности на веб-страницата. Корисникот самостојно и доброволно одлучува дали ќе даде согласност со означување на соодветните полиња (checkbox) при регистрација.

Може да складираме одредени колачиња на Вашиот уред. Колачиња се мали текстуални датотеки кои се сместуваат во Вашиот уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Може да поставиме аналитички колачиња (овие се исто така познати како колачиња за изведба и ја мерат/снимаат Вашата интеракција со нашата страница за да можеме да направиме подобрувања) на Вашиот уред. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња на нашата веб-страница за повеќе информации за различните видови колачиња што ги користиме и нивната намена.

Исполнување на договор – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци за реализација и склучување на договор.

Нашите легитимни интереси – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци и ние ги користиме за:

  • да се осигураме дека нашите веб-страници/апликации функционираат соодветно и се безбедни и сигурни.
  • да одговориме на Вашите прашања, барања, поплаки и пофалби.
  • остварување на било какви правни барања или за статистички цели.
  • Видео надзор за заштита на имотот и средствата на Трговскиот центар, продажните маркети низ државата, вработените, посетителите и корисниците на нашите услуги од криминални активности, како и обезбедување на докази во постапките во случај на кражба, измама, оштетување на имотот/средствата на Трговскиот центар и маркетите и слично.

За да почитуваме одредена законска обврска – Ова се однесува кога Вие ни ги давате Вашите лични податоци кои ние треба да ги чуваме поради наши правни причини (на пример, ние треба да ги чуваме Вашите информации за трансакцијата за да се усогласат со нашите обврски за даночно и финансиско известување).

КОЈ МОЖЕ ДА ИМА ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ?

Сакаме јасно да нагласиме дека ние не ги продаваме Вашите лични податоци.

Пристапот секогаш ќе се контролира врз основа на need-to-know basis, и ќе се обезбеди само таму каде што е неопходно за да Ви ги обезбедиме бараните услуги или за да ни дозволите да ги извршуваме сите неопходни или легитимни функции. Каде што е дозволено, ние исто така може да споделиме некои од Вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците собрани преку колачиња, за да ги усогласиме и ажурираме информациите што ги споделувате со нас, да изведуваме статистика врз основа на Вашите карактеристики и да ги прилагодиме нашите комуникации за Вас.

Вашите лични податоци може да бидат обработувани во наше име од страна на нашите доверливи добавувачи (трети страни).

Ние се потпираме на доверливи трети страни за извршување на низа деловни операции во наше име. Ние им ги доставуваме само потребните информации за извршување на услугата и бараме тие да не ги користат Вашите лични податоци за која било друга цел. Ние секогаш правиме најдобри напори за да се осигураме дека сите трети страни со кои работиме ќе ги чуваат Вашите лични податоци безбедни. На пример, можеме да им довериме услуги што бараат обработка на Вашите лични податоци на:

  • Агенции за рекламирање, маркетинг, дигитални и социјални медиуми за да ни помогнат да спроведеме рекламирање, маркетинг и кампањи, да ја анализираме нивната ефикасност и да управуваме со Вашите контакти, прашања и нашата врска.
  • Трети страни кои ни помагаат во обезбедување на ИТ услуги, како што се даватели на платформи, услуги за хостирање, одржување и поддршка на нашите бази на податоци, како и на нашиот софтвер и апликации.
  • Давателите на платежни услуги како банки и платежни финансиски институции кои извршуваат услуги за нас, поврзани со реализација на плаќањето.
  • Независни трети страни, електрокомуникациски оператори, компании за поштенски услуги, маркетинг партнери, осигурителни компании, адвокати, судови, обвинителства, како и надлежни институции кои имаат законски овластувања кои може да ги користат личните податоци за свои цели.

Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.

Во рамки на користењето на CRM платформа, личните податоци може да бидат обработувани од страна на технолошки партнери кои обезбедуваат CRM и маркетинг автоматизациски услуги, исклучиво по наши инструкции и во согласност со оваа Политика за приватност.

ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Можеме да откриваме лични податоци за Вас, само доколку сме добиле Ваша согласност за истото или онаму каде што е легитимно и разумно неопходно за различните цели наведени погоре.

Откривањето може да вклучи пренесување на Вашите лични податоци во странство. Треба да сте свесни дека ова може да вклучи пренос во земји во Европската Унија/Европската Економска Област и надвор од Европската Унија/Европската економска област/Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Во таквите случаи, ќе обезбедиме преносот да е регулиран со договори или безбедносни механизми за пренос на податоци, вклучително и одлуки за адекватност, дизајнирани со цел да се осигура дека Вашите лични податоци се заштитени (вклучувајќи, каде што е соодветно, во согласност со условите одобрени за оваа цел од страна на Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија).

КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?

Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци, онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме побараната услуга/и или за да ги задоволиме комерцијалните и законските обврски. За да го определиме периодот на задржување на Вашите лични податоци, земаме во предвид неколку критериуми за да се осигураме дека не ги чуваме Вашите лични податоци подолго од потребното. Тие критериуми се следните:

  • Целта поради која ги држиме Вашите лични податоци.
  • Нашите законски и регулаторни обврски поврзани со тие лични податоци, на пример обврски кои произлегуваат од финансиското работење и поднесување финансиски извештаи.
  • Ако нашиот однос со Вас е актуелен, односно активен, на пример ако Вие имате активен кориснички профил на нашата веб страница, ако продолжувате да добивате маркетинг комуникации или ако редовно пребарувате преку нашата веб страница.
  • Ако Вие повеќе не сакате да ги добивате нашите email-ови, ако не ја посетувате нашата веб страница.
  • Секое конкретно барање од Ваша страна во врска со бришењето на Вашите лични податоци и
  • Нашите легитимни деловни интереси во врска со управувањето со нашите сопствени права, на пример, одбрана на какви било правни побарувања или за статистички цели.

Ние особено задржуваме одредени лични податоци за следните периоди:

  • Кога купувате одредени услуги, ние ги чуваме Вашите лични податоци за времетраењето на нашата договорна врска.
  • Кога сте се согласиле да добивате маркетинг комуникација, ние ги чуваме Вашите лични податоци се додека Вие: (i) не побарате да ги избришеме Вашите лични податоци или се додека не ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг комуникација; или (ii) по извесен период на неактивност (т.е кога не сте комуницирале со нас одреден временски период).
  • Кога колачињата се поставуваат на Вашиот компјутер, тие се чуваат онолку долго колку што е потребно за да ги постигнат своите цели (на пример, за времетраење на сесија за колачиња за кошничка или колачиња за идентификација на сесија).

Кога повеќе нема да имаме потреба да ги користиме Вашите лични податоци, истите ќе бидат отстранети од нашиот систем и евиденција, или ќе бидат анонимизирани за повеќе да не можете да бидете идентификувани преку нив.

КАКО ГИ ЗАШТИТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Корисници на возраст од 16 години и помлади

Доколку сте на возраст од 16 години или сте помлади, побарајте дозвола од Вашиот родител или старател пред да ни обезбедите лични податоци. Корисниците без ваква согласност не смеат да ни обезбедат лични податоци.

Линкови до други веб страници, апликации и услуги

Веб-страната на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје може да обезбедува линкови до веб-страници на трети лица или да вклучува страници и услуги на трети лица.                                         РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје не е одговорен за заштита на приватноста или на личните податоци од страна на трети лица, даватели на апликации, даватели на оперативни системи, даватели на безжични услуги, производители на уреди итн.

Во случај да изберете да посетите таков линк, ние не сме одговорни за достапноста на избраната страница, мобилни апликации или други услуги на трети лица. Ние исто така не ги проверуваме веб-страниците на трети лица, нивните мобилни апликации или услуги и не сме директно или индиректно одговорни за нивната употреба и содржина, собирање и обработка на какви било податоци од страна на веб-страниците, мобилните апликации или услугите на овие лица. Со оглед на горенаведеното, Ви препорачуваме пред да ги користите услугите или мобилните апликации на трети лица или пред да внесете какви било лични податоци во нив, информирајте се за нивните политики за приватност или изјавите за заштита на приватноста, кои се достапни или на нивните веб-страници или при пристап (регистрација) во ваква мобилна апликација.

 Заштита на личните податоци при користење на Facebook

На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

Заштита на личните податоци при користење на Instagram

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите социјални мрежи.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:

 https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.

 Заштита на личните податоци при користење на Linkedin

Нашата веб страница користи одредени додатоци од други провајдери, вклучувајќи го и Линкдин како социјална мрежа/медиум. LinkedIn дејствува како платформа за размена на знаења, каде што поединците ги споделуваат своите искуства и сознанија, а со тоа се поттикнуваат разговори за конкретни теми околу кои се поврзани врските и познанците. За оваа цел, провајдерот Linkedin користи колачиња кои можете да ги откажете во Вашиот прелистувач. Политиките за користење на овие додатоци се дефинирани од безбедносните политики на секој давател на услуги и се достапни на линкот https://www.linkedin.com/legal/privacy-policy  

Линкдин работи во согласност со нивните услови за користење и политики кои ја дефинираат употребата на лични информации на нивните корисници. Ги потсетуваме корисниците дека се сами одговорни за сите изданија на социјалните мрежи/медиуми.

РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје  не презема одговорност за активностите на социјалните мрежи/медиуми.

 Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics

 На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.

Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.

Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на Корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи Корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.

Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.

Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:

https://policies.google.com/privacy?hl=en и

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/

Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/.

БЕЗБЕДНОСТ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

Користиме строги физички, електронски и административни безбедносни мерки за заштита на Вашите податоци од пристап од страна на неовластени лица и против незаконска обработка, случајна загуба, уништување и оштетување и онлајн и офлајн. Личните податоци се задржуваат во формат за идентификација само за интервалот што е неопходен, идентификуван со целите на обработката за кои се собираат податоците.

ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно  причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со ова тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk  односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци или до надлежниот државен орган, односно регулаторно тело на info@privacy.mk  Во продолжение ќе ги најдете основните односно базичните информации во врска со споменатите права:

  1.Право на пристап

Имате право да побарате од нас копии од Вашите лични податоци. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.

  2.Право на исправка

Имате право да побарате од нас да ги исправиме личните податоци што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.

  3.Право на бришење(право да се биде заборавен)

Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.

 4.Право на ограничување на обработката

Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на Вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.

 5.Право да се спротивставувате(барање да се прекине целосно со обработката) на обработката

Имате право да се спротивставувате на обработка само доколку  обработката на  Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.

 6.Право на преносливост на податоци

Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација(контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на Ваша согласност, или во процес за склучување договор во Вие самите сте едната страна  односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка.

7.Право да се жалите (Право на приговор)

Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку  имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на antonetai@ramstore.com.mk   и ние ќе одговориме.

Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk

Од Вас нема да се бара да платите никаква такса,односно надомест за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности поврзани со фискални импликации за што ќе бидете однапред информирани. Во врска со напред наведеното предвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права, согласно законот имаме рок од 30 дена за одговор.

ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ИНЦИДЕНТ/НЕОВЛАСТЕНО ОТКРИВАЊЕ/ЗАГУБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Во случај на сигурносен инцидент, откривање или загуба на лични податоци,  доколку РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје располага со контакт податоци, ги известува засегнатите субјекти на лични податоци за настанатиот инцидент, а доколку се работи за инцидент од поголеми размери, РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје за тоа известува преку јавно соопштение или преку соодветна објава на својот веб-сајт, не подоцна од 72 часа од сознанието за настанатиот инцидент.

КОИ ПОДАТОЦИ СЕ ЗАДОЛЖНИТЕЛНИ, А КОИ ОПЦИОНАЛНИ?

Податоците кои се неопходни за реализација на трансакциите и платежните операции се задолжителни за Програмата за лојалност, во спротивно нема да може да се реализира Програмата за лојалност.

Податоците потребни за креирање кориснички профил се задолжителни единствено за таа намена. Согласноста за маркетинг комуникации (email, push нотификации и слично) е целосно опционална и не влијае на можноста за регистрација или користење на корисничкиот профил.

АВТОМАТИЗИРАН ПРОЦЕС НА ОДЛУЧУВАЊЕ, ПРОФИЛИРАЊЕ

Ние може да употребуваме автоматизиран процес на донесување на одлуки, вклучувајќи и профилирање во процесот на обработка на Вашите лични податоци врз основа на претходно дадена согласност за маркетинг активности. Ние може да ги анализираме Вашите лични податоци врз основа на демографски податоци, податоци од пребарување, историја на купувањe. Врз основа на оваа анализа, ние можеме да Ви дадеме одредена понуда за одредени производи.

Доколку имате било какви прашања во врска со автоматското донесување на одлуки, можете слободно да не контактирате преку податоците за контакт на Офицерот за заштита на личните податоци наведени погоре.

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Измените на Политиката за приватност и колачиња влегуваат во сила од датумот на нивното објавување. Токму поради тоа Ве молиме периодично да ја прегледувате Политиката за приватност и колачиња и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Сметаме дека со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, Корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите на изменетата Политика за приватност.

Јули, 2026

Настан

Back to School најава

Дознај повеќе