Клуб на сезнајковци

По повод “Гурмаснки месец во Рамстор“ на 14ти март во 11 часот, ќе се оддржи нашиот “ Клуб на сезнајковци” чија основна цел е преку забавни активности да ги анимираме најмалите за нивна креативна изработка и декорација на тортички. Местото за креативна изработка на тортичките ќе биде во новиот дел за брза храна во трговкиот центар Рамстор.

Малите сезнајковци ќе можат да изработуваат и декорираат тортички по сопствен избор. Ве покануваме мали сезнајковци заедно да ги создадеме најубавите тортички и да се забавуваме.