Филмска премиера од „Сними го твојот прв филм во Рамстор мол“

Голема премиера на нашите филмски ѕвезди кои го снимија својот прв филм во Рамстор мол.

Ве покануваме оваа сабота, 05ти ноември  во 18:00 часот да бидете дел од премиерата на кратките детски играни филмови “Неможам сам” , “Скриено богатство” и “Мистерија” кои беа снимени на еднодневните филмски работилници со деца од 8 до 13 години како дел од заедничкиот проект на РАМСТОРЕ МОЛ и ДАСТА детската и младинска филмска академија со наслов “Сонуваш ли да бидеш филмска ѕвезда”.

Својот сон идните филмски ѕвезди го реализираа токму во Рамстор мол во соработка со филмската академија Даста. Дојдете сите заедно да го погледнеме нивниот талент и глума во краткометражните филмови.

filmska-premiera-01