Портокалов бран во Рамстор мол

Јули месец на протокалов бран и високи попусти во Рамстор мол.

Во овој портокалов бран на високи попусти приклучени се сите брендови на трговскиот центар Рамстор кои ќе ве разладат со попусти до – 50 проценти.

Подготвивме за вас цел месец попусти, забава и добивки. Бидете дел од разновидните викенд активности во склоп на трговскиот центар.

Нека ве следи среќата и овој месец јули, викенд добивки за сите посетители.  Се што треба да направите е сметка над 1000 денари во било која продавница на Рамстор мол вклучувајќи го и маркетот секој викенд во периодот од 12 до 18 часот и завртете го тркалото на среќата. Обезбедивме за вас огромен фонд на подароци: ваучери за пазарување, електрични апарати, таблети, маички итн. Секоја сабота ќе ве забавуваат музички бендови, секоја недела вашите најмили ќе можат да учестуваат во кретивните работилници на тема лето. Додека одделот  за брза храна подготви превкусни оброци за овој летен период за сите гурмани.

За сите љубители на фотографијата и селфи фотографирањето подготвивме фото конкурс за најлетна фотографија. Се што е потребно да направите е да прикачите ваша летна фотографија со назнака #Портокаловбран на фан страниците на Фејсбук и Инстаграм, собирајте лајкови и очекувајте вие да добиете подарок викенд за двајца во Охрид.

Само во Рамстор мол портокаловиот бран достигнува до – 50 попуст низ сите продавници. Акцијата трае цел месец јули.

Portokalov bran vo ramstore mall 2