Учениците од „Др Златан Сремец“ организираат Новогодишен базар

Во пресрет на новогодишните празници и оваа, како и изминатите години, вредните рачиња на дечињата од Посебното основно училиште „Др Златан Сремец“- Скопје, нивните родители и наставниците изработија новогодишни украси, честитки, колачиња и многу други нешта.

Традиционално училиштето организира Новогодишен базар кој ќе се одржи на 23 декември (петок) од 11 до 14 часот во Рамстор мол и на кој ќе бидат изложени овие изработки.

Средствата што ќе бидат собрани во оваа пригода ќе бидат наменети за потребите на учениците од оваа училиште.

sre6